Во месец октомви сточарите треба да се фокусираат главно кон нормалниот тек на бременоста на оплодените грла и елиминација на факторитѕе кои што би испровоцирале абортус. Опасноста од абортус кај овците доаѓа по долготрања суша и пасење од посушни пасишта. При доаѓањето на врнежливи денови тревата збувнува и е посочна и тоа предизвикува таа да се конзумира со голем апетит. Фитоестрогените кои што се содржат во зелената трева предизвикува бројни реакции во половиот систем на овците, кои што доведуваат до исфрлање на ембрионот.
Во таа смисла важно е да се контролира пашата, да се обезбеди секојдневно внесување на сува и концентрирана храна. Во нив се содржи хормонот прогестерон кој помага при нормалната имплантација и абење на фетусот во бременоста. Црвеницата е заразна болест која се јавува кај свињите. Наглите временски промени во текот на есента се еден од предоспозициите за појава на оваа болест. Во овај период е правото време за вакцинирање против оваа болест која е задолжителна доколку се одгледуваат свињи мајки и нерези ,на секои 6 месеци, како и за група која се гои и е на возраст од 90 до 120 дена.
Вакцините се по достапни цени, а последиците доколку не се изврши вакцинирањето се големи за фармерите. Глодарите се еден од начините за пренесување на зарази и поради тоа потребно е да се врши редовна контрола и дератизација и дезинфекција на фармите. Есента дава последни можности за вршење на поправки на објектите кои што служат за одгледување на животните. Овај месец исто така е погоден за дополнување на резервите на сточна храна за животнитe
Нема коментара:
Постави коментар