субота, 3. октобар 2020.

Исхрана на стелни крави

 Исхраната на стелните крави се базира на целиот период на засушеноста, а нормативите се направени врз основа на живата мера и очекуваната дневна млечност преку годината.+


Овие нормативи се однесуваат само за крави кои се нормални хранети само во млечниот период.Кај кравите кои сеуште се во пораст се зголемува дневната дажба за 1-2 крмни единици и на секоја крмна единица 110-120 сварливи протеини
  •  калциум9-10 грама 
  • фосфор 5-6 гр. 
  •  каротин 40-50 мили грама. 
Ова особено се однесува за минералните материи бидеќи тие се нај осетливи кај ваквите грла . Познато е дека при лачење на млекото т.е. при лачење на еден литар млеко се излачува 1 гр.калциум, 0,9 гр. фосфор и 2 гр. сол. 
При крај на лактацијата дажбата треба да се зголеми за 10-15% од хранливи материи кое количество ќе послужи како аванс за следната лактација , како аванс за следната лактација, како и за порастот на фетусот. При овај вид домашни животни се поаѓа од живата мера на животното продукцијата и категоријата на животното. 
Така на секои 100 кгр. жива мера доаѓа 1,5 кгр.сува кабаста храна, односно 4-5 кгр. сочна кабаста крма од што би требало да отпадне 10% на силажа. При исхраната на овиие категории крави треба да се вклучат и концентрираните крми доколку не се користат кабастите крми, количината на концентрираните крми е нормирана да следната лактација биде зголемена за 10-15%. 
Во оваа категорија треба да се биде многу претпазлив при користење на сочната крма односно силирана , не смее да се дава храна која е загадена механички, хемиски, микробиолошки или на кој било друг начин бидеќи ваквата храна предизвикува одредени последици во организмот (абортус) и др. Животните не треба претерано да се хранат бидеќи тоа го отежнува варењето и животните ги прави прилично троми.


Нема коментара:

Постави коментар

Занимљивости из живота пчела

-  Да би произвеле 1кг меда пчеле треба у кошницу да унесу 3-4 кг нектара, што зависи од садржаја влаге у ваздуху и нектару. Из једног цвјет...