На самиот старт од есенската сеидба правилната обработка на почвата многу зависи од примената на соодветна земјоделска опрема.
Орањето е основа за создавање на услови, односно да се подобрат
физичките и биолошките својства на почвата, за засеаните култури да
дадат максимални резултати. Околу тоа како ќе се изврши орањето,
со што и на колкава длабочина зависи од самото тло и од тоа што ќе
се сее, за што земјоделците може да се советуваат со стручни лица
агрономи.
Околу земјоделските машини и избор на тоа што е најактуелно во
овој период може да помогнат вработените во Синпекс Битола.
Оттаму ги препорачуваат плуговите на ÜNLÜ Ziraat кои се едни од
најдобрите плугови достапни на нашиот пазар.
Се карактеризираат со висок квалитет на работините тела, робусна и
добро смислена рам конструкција, избалансирана тежина и голема
ефикасност . Испорачуваат одлични резултати при секакви услови,
погодни се за сите видови на почва, а имаат и максимално
прифатлива цена за секој наш земјоделец.
Еден од најпопуларните кај нас е двобразниот, нискоклинест плуг,
наменет за трактори со поголема моќ од 35 коњски сили
- Работен зафат: 50 см
- Број на работни тела: две (по 10″)
- Работна длабочина: 250 mm
- Тежина: 190 kg
- Производител: UNLU Турција
Нема коментара:
Постави коментар